Во Холандија одново ги затворија стадионите, селекторот лут на одлуката

272

Во Холандија повторно ќе се игра без публика откако владата донесе одлука за тринеделен локдаун. Тоа го објави премиерот Марк Руте во телевизиско обраќање, во кое додаде дека ова е повеќе од потребно во борбата со новата форма на коронавирусот и намалувањето на притисокот врз болниците.

Квалификацискиот меч меѓу Холандија и Норвешка кој е закажан за утре на „Де Кујп“ во Ротердам ќе се игра без публика. ФА на Холандија и на Ердивизијата објавија дека ги прифаќаат новите мерки донесени од Владата и кризниот штаб.

На прашањето што мисли за новите мерки, селекторот Луис ван Гал беше критичен.

Фудбалската асоцијација, на барање на Владата, вложува многу пари во борбата со пандемијата и сега повторно ќе играме без навивачи. Разбирам дека короната е поважна од фудбалот во моментов, но не ја разбирам целосно одлуката“, изјави селекторот.

Во неделата во Холандија се регистрирани повеќе од 12.000 случаи на коронавирус и тоа беше причината за новите мерки. Во државата процентот на вакцинирање на возрасните е околу 85%.

ПретходноКејн против Сан Марино може да урне два англиски рекорди
СледноРоналдо: Нема извинување, Португалија мора да игра на СП