Елмас, Барди и Алекс први “бомбардери“ на Македонија…

860

Нашата најдобра фудбалска репрезентација вчера со победата над Исланд ги заврши своите рекордни и историски квалификации за пласман на СП. На 10 меча победивме во пет наврати, а успеавме да постигнеме дури 23 голови. Сите тие 23 голови беа дело на единаесет играчи. На врвот на листата на стрелците се Александар Трајковски, Енис Барди и Елиф Елмас кои во овие квалификации стрелаа по четири пати. Да споменеме дека само Енис Барди, на гостувањето кај Ерменија кога победивме со 0:5, постигна хет-трик.

Езџјан Алиоски беше стрелец на три голови на овие десет натпревари, додека Дарко Велковски стрелаше двапати во противничките мрежи. По еднаш во листата на стрелците се запишаа Адеми, Несторовски, Пандев, Николов, Чурлинов и М. Ристовски.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

4 – Трајковски, Барди, Елмас

3 – Алиоски

2 – Велковски

1 – Адеми, Несторовски, Пандев, Николов, Чурлинов, М. Ристовски

СИТЕ РЕЗУЛТАТИ НА МАКЕДОНИЈА ВО ГРУПАТА – Ј

Романија – МАКЕДОНИЈА 3:2

МАКЕДОНИЈА – Лихтенштајн 5:0

Германија – МАКЕДОНИЈА 1:2

МАКЕДОНИЈА – Ерменија 0:0

Исланд – МАКЕДОНИЈА 2:2

МАКЕДОНИЈА – Романија 0:0

Лихтенштајн – МАКЕДОНИЈА 0:4

МАКЕДОНИЈА – Германија 0:4

Ерменија – МАКЕДОНИЈА 0:5

МАКЕДОНИЈА – Исланд 3:1

Вкупно: 10 5 3 2 23:11 18 бодови

ПретходноВЕЛИЧЕНСТВЕНО: Арената блескаше со македонските знамиња…
СледноНовак победнички на стартот на АТП финалето во Торино!