Ибрахимовиќ или Роналдо во можна пресметка со Македонија!

1096

Македонската фудбласка репрезентација како второпласирана селекција во групата Ј обезбеди место во баражот за Светското првенство 2022 година во Катар. Името на противникот во полуфиналето ќе го дознае на 26. ноември во Цирих.

Учесниците во бараж мечевите пред ждрепката ќе бидат поделени во две групи, носители и неносители. Македонија е во вториот дел, поточно во групата на неносители. Ова значи дека полуфиналето нема да го игра на домашен терен.

Русија, Полска, Шведска, Португалија и Шкотска засега се дел од противниците на Македонија во плеј-офот, конечната листа ќе биде позната утре, кога ќе се доигра последното коло во квалификациските групи.

Десетте второпласирани репрезентации од квалификациските групи, плус двајца победници од групите на Лигата на нации се најдоа во плеј-офот.
Истите ќе бидат поделени во четири групи со четири селекции. Полуфиналето се игра на 24/25 март следната година, додека финалињата се закажани за 28/29 март 2022.
ПретходноПолитичарите им се поклонија на фудбалерите (ФОТО)
СледноБитолчани трнаа на пат кон Атина: Го респектираме АЕК, но одиме по целиот „плен“