Одбојкарките на Работнички го добија големото дерби на 7. коло од домашното одбојкарско првенство, откако на гости против шампионот Јанта Волеј КВ славеа со 3:0. Во меч во кој видовме три одлични сета, особено се издвои оној првиот во кој одлуката падна дури со освојувањето на 30-от поен за гостинките.
Работнички со играта и денеска потврди дека оваа година е најголемиот фаворит за титулата, но јасно е дека ќе има достојни ривалки во уште неколку екипи, меѓу кои и Јанта Волеј КВ. Со оваа победа, Работнички успеа да се врати на лидерското место на табелата, пред струмичкиот состав Наковски Волеј.
Прва лига (жени), 7. коло
Пелистер волеј – Универзитет во Тетово 2:3 (25:15, 23:25, 18:25, 25:23, 12:15)
Фит фан волеј – Вардар жени 3:1 (25:15, 23:25, 25:19, 25:17)
Наковски волеј – Струмица жени 3:0 (25:23,25:22, 25:19)
Јанта волеј КВ – Работнички Скопје 0:3 (28:30, 20:25, 21:25)
ТАБЕЛА: 1. Работнички 20, 2. Наковски Волеј 18, 3. Јанта Волеј КВ 14, 4. Струмица 14, 5. Пелистер 7, 6. Фит Фан Волеј 6, 7. Универзитет во Тетово 6, 8. Вардар 0.