Кејн против Сан Марино може да урне два англиски рекорди

91

Хари Кејн имаше лош старт на сезоната на клупско ниво, но за репрезентацијата погодува од каде ќе стигне, а потврда за тоа беше перфектниот хет-трик против Албанија пред неколку денови (голови со лева и со десна нога и со глава). Со тоа напаѓачот на Тотенхем може да постави англиски рекорд, најмногу голови за „Гордиот Албион“ во една календарска година.

Кејн моментално има 12 голови, исто колку што постигна и во 2019 година и исто колку и претходните англиски рекордери Џорџ Хилсдон во 1908 година и Дикси Дин во 1927 година. Доколку постигне барем еден гол против Сан Марино ќе избие на чело на оваа листа на голгетери.

Вкупно гледано Кејн е на четвртото место на вечната листа на англиски голгетери со ист број на голови (44) со Џими Гривс.

Пред него се Гери Линекер (48) и Боби Чарлтон (49), а на чело е Вејн Руни со 53 гола.

Ако се гледаат само квалификациските мечеви тогаш Кејн има 39 гола, а Руни има 37.

ПретходноИбра направи непотребен потег и нема да игра во баражот за СП
СледноВо Холандија одново ги затворија стадионите, селекторот лут на одлуката