Мегаѕвездата на аргентинската репрезентација, Лионел Меси ќе биде стартер за „гаучосите“ на пресметката со Бразил во јужноамериканските квалификации за пласман на СП 2022. Натпреварот ќе се одигра во Сан Хуан ноќта меѓу вторник и среда, а Меси ќе биде во тимот со капитенската лента, откако комплетно се опоравил од повредата.
Фудбалерот на ПСЖ одигра само 15 минути како замена во победата од 1-0 над Уругвај.
За разлика од него, бразилската мегаѕвезда Нејмар по се изгледа нема да се појави на мечот. Според „Глобо Еспорте“, фудбалерот на ПСЖ имал проблем со мускулот, поради што не одлетал за Аргентина.