Нант го официјализираше вардарецот Тото

937

Жереми Тото од следната сезона ќе биде нов член на Нант. Францускиот тим и официјално го потврди трансферот на вардарецот во своите редови.

Тото, кој е еден од најдобрите играчи на актуелниот македонски првак оваа сезона потпиша тригодишен договор со Нант на Кирил Лазаров.

Претходно овој тим потврди дека следната сезона доаѓа уште еден играч кој го носеше дресот на Вардар. Станува збор за Хорхе Македа, тој доаѓа на местото на нашиот најдобар ракометар, кој по оваа сезона ќе стави крај на својата богата кариера.

ПретходноБАЛКАНОТ ЗА НАС: Лудница во Скопје – Македонија продолжи да пишува историја!
СледноСрбите се мајтапат со Роналдо: Ништо не е изгубено, има бараж! Под услов да ја избегнете Македонија!