Не е тајна дека Езџјан Алиоски е еден од нашите најдобри фудбалери, секогаш кога треба тој е тука со своите голови и асистенции да и помогне на Македонија да победи. Играл во неколку клубови и секогаш е во центарот на вниманието. Така и вчера кога во Скопје, во хотелот каде што беше сместена нашата репрезентација тој имаше куса средба со својот некогашен клупски колега од Лидс, Илан Меслие.
Џани вчера играше за Македонија против Исланд, а голманот на Лидс утре ќе биде на голот на У-21 на Франција против нашата млада селекција.