Новак победнички на стартот на АТП финалето во Торино!

207

Малку се мачеше, но сепак успеа да победи. Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во светот имаше победнички старт на АТП финалето во Торино или завршниот мастерс во сезоната. Србинот попладнево со 2:0 во сетови (7:6, 6:2 во гемови) успеа да го победи Каспер Руд од Норвешка.

Новак имаше осцилации во играта, подеми и падови, посебно во првиот сет, но сепак на крајот се добро се заврши во за него првиот меч на овој тирнир.

Покрај Ѓоковиќ и Руд, во “зелената“ група на овој турнир се и Стефанос Циципас и Андреј Рубљов.

ПретходноЕлмас, Барди и Алекс први “бомбардери“ на Македонија…
СледноПред Роналдо: Елмас е на 11.место според ранкингот на УЕФА во квалификациите!