Кошаркарите на Денвер ја запишаа петата победа во низа, откако го совладаа Портланд со убедливи 125-95 на домашен терен.
Кошаркарите на Денвер ја запишаа петата победа во низа, откако го совладаа Портланд со убедливи 125-95 на домашен терен.
Нагетси уште на самиот почеток имаат предност, првата четвртина заврши со 33-18, на одморот беше 67-53. Во продолжение на мечот, Денвер успеа да ја задржи својата предност, се беше реше пред стартот на последната четвртина.
И овој пат во центарот на вниманието беше Никола Јокиќ. Српскиот кошаркар мечот го заврши со 28 поени, девет скока и девет асистенции, сето ова за 28. минути во игра.
Денвер го држи третото место во Западната конференција со скор од девет победи и четири порази, додека пак Портланд е на деветата позиција.
На останатите средби, лидерот Голден Стејт е поразен од Шарлот со 106-102. Атланта беше подобра од Милвоки со 120-100, Хјустон загуби од Феникс со 89-115, Оклахома немаше решение за Бруклин (96-120), додека ЛА Клиперс беа поразени од Чикаго со 90-100.