Кристијано Роналдо е разочаран по неуспехот против Србија синоќа. Поразот означи дека Португалија ќе оди во баражот, додека Србија патува директно на СП 2022. А на Португалците им требаше само бод од мечот со Србија, но примија гол во финишот и изгубија.
„Фудбалот постојано ни покажува дека понекогаш и најветровитиот пат води до најпосакуваното место. Вчерашниот пораз е тежок, но не доволен да не скрши. Целта да се биде на СП идната година се уште е на дневен ред и знаеме дека мора да стигнеме до таму. Нема извинување! Португалија мора да игра на Мундијалот во Катар. Ќе дадеме се од себе да го оствариме тоа“, изјави Роналдо.