Савиќевиќ со честитка за успехот: Покажавте како мала земја може рамноправно да се бори со великани

3337

Пласманот на Македонија во баражот за СП 2022 не остана незабележан. Успехот на малата Македонија оддекна низ целиот свет, па за тоа се пишуваше речиси во сите светски медиуми. Честитка за работата на ФС на Македонија, играчите, тренерите и нашите навивачи испрати и легендата на југословенскиот и црногорскиот фудбал Дејан Савиќевиќ во свое име и во име на ФС на Црна Гора како претседател на сојузот.

Почитуван, претседателе Сејдини,

Во свое во име на ФС на Црна Гора ја користам оваа прилика на вас, на селекторот Милевски, на играчите, членовите на стручниот штаб, вработените во ФС на Македонија и на сите навивачи на фудбалската репрезентација да им го честитам пласманот во баражот за Светското првенство кое во 2022 ќе се одржи во Катар.

Македонија уште еднаш покажа дека со упорна и одговорна работа секоја мала земја и мал Сојуз може да направи големи резултати и да се најде во шанса рамноправно да се бори со великаните на европскиот фудбал за учество на едно големо натпреварување.

Сигурен сум дека Вашиот национален тим ќе знае да ги искористи искуствата стекнати во баражот за пласман на ЕП 2020 и од учеството на истото во намерата да направи уште еден историски успех и да се пласира на финалниот турнир на СП.

Ви посакувам многу среќа во баражот и пласман на Мундијалот во Катар и уверен сум дека сите во Црна Гора од срце ќе навиваат за Македонија на мартовските натпревари.“

ПретходноОдлука во групата Ц – Италија или Швајцарија со нас во баражот за СП
СледноИбра направи непотребен потег и нема да игра во баражот за СП