Јужна Африка упати официјален протест до Африканската фудбалска конфедерација (КАФ) и до Светската фудбалска федерација (ФИФА) за поништување на резултатот 1-0 на мечот со Гана во квалификациите за СП 2022. Натпреварот се играше вчера и беше клучен која од двете селекции ќе се пласира на завршниот турнир за место на Мундијалот.
Гана на крајот славеше со 1:0 што значеше дека го зазеде првото место во групата „Г“ од и ќе учествува во финалниот плеј-оф во март следната година. Фудбалската федерација на Јужна Африка се надева дека КАФ и ФИФА ќе одлучат мечот да се преигра, бидејќи сметаат дека судијата од Сенегал, Магет Ндијаје, ги ограбил. Покрај главниот судија, спорна е арбитражата и на еден од помошниците, за кои тврдат дека досудил непостоечки пенал.
Ghana make it to the World Cup play-offs thanks to this penalty decision and a 1-0 win over South Africa.
Wow. Just wow. 🤯#BlackStars #GHARSA #WCQ2022pic.twitter.com/Oxlda3kwhu
— Sanny Rudravajhala (@SannyR1985) November 14, 2021
Forget the penalty, was that a corner kick? 👀#GHARSA | Refree | South Africa | Ghana | SAFA | CAF | Patrice Motsepe | Percy Tau | Appeal | Zulu | Jali https://t.co/Dxbi1IyibU pic.twitter.com/oI857aH6qm
— Fortunate🐶 (@Fortunate__) November 15, 2021