Барселона е на одличен пат оваа зима да го доведе американскиот напаѓач Кристијан Пулишиќ. Како што пишуваат англиските медиуми, тренерот на Челзи, Томас Тухел, му рекол на Пулишиќ дека нема да му прави проблеми да најде нов клуб уште овој јануари.
Тоа значи комплетно отворена врата за Американецот да почне преговори со заинтересираните клубови. Веќе извесно време се зборува дека еден од најзагреаните тимови за неговиот потпис е Барселона.
Со доаѓањето на Чиви, Барселона бара начин да се екипира, па Пулишиќ може да биде одлично засилување.