Битолчани трнаа на пат кон Атина: Го респектираме АЕК, но одиме по целиот „плен“

368

Е.Пелистер продолжува со обврските во Европската Лига. Битолскиот тим денеска патува за Атина каде утре ќе се одмери силите со АЕК во рамките на 3. коло во ова натпреварување.

Македонскиот вицепрвак има еден пораз и едно реми, па против грчкиот тим ќе ја бара првата победа оваа сезона. Нема да биде лесно, противникот стартуваше со две победи во низа, па избраниците на Жељко Бабиќ ќе мораат да биде перфектни доколку сакаат да заминат со целиот плен.

„АЕК е изненадување на сезоната. Ги познававме и претходно, знаевме дека се квалитетен тим, но покажаа одлични резултати во првите две кола. Тоа не смее да нè заплашува, тоа ни дава поголем мотив. Се спремаме, ги анализираме и одиме во Атина на победа. Имаат доста нови играчи. Од тоа што го гледавме, играат брз ракомет, ризикуваат многу и не калкулираат. Сакаат да играат и нивната најголема предност е сплотеноста. Се гледа дека се екипа, но тоа ни дава поголем мотив да докажеме дека сме подобри од нив и да ги победиме“, вели Марко Кизиќ.

Тренерот на битолчани најави дека неговите момци се подготвени, а Е.Пелистер е во добра форма. Го респектираат противникот, но очекува победа.

„АЕК покажа на почетокот од турнирот дена е организирана и дисциплинирана екипа и одлично истрчување по освоена топка. Победија на убедлив начин во првото коло на домашен терен, а во второто коло ја изненадија цела Европа со победата во Ним. Стабилна екипа, во налет се и заслужува респект. Сезоната е долга, оптимисти сме, желни сме за натпреварување и едвај чекаме да почне натпреварот и да видиме која е вредноста на АЕК. Во добар момент сме, во добра форма сме и со нетрпение го чекаме натпреварот и уверен сум дека ќе покажеме добар тимски дух, добро трчање, добра одбрана и верувам дека АЕК ќе „удри“ во цврст „ѕид“ на Еурофарм Пелистер. Спремни сме да одиграме одличен натпревар и ќе видиме за што ќе биде тоа доволно“, изјави Бабиќ.

Мечот меѓу АЕК и Е.Пелистер се игра со почеток во 18:45 часот.

ПретходноИбрахимовиќ или Роналдо во можна пресметка со Македонија!
СледноРеал Мадрид и Барселона го посакуваат македонскиот ДИЈАМАНТ!!!