Енди Керол потпиша за клуб од Чемпионшип

650

Се сеќавате на Енди Керол? Фудбалерот за кого Ливерпул даде богатство, а тој едноставно потона на „Енфилд“. 32-годишниот фудбалер денеска потпиша договор до Рединг, членот на чемпионшип дивизијата. Инаку негов последен клуб беше родниот Њукасл, а од летоска беше без клуб.

Керол има два гола во девет натпревари за Англија, а менаџерот на Рединг Вељко Пауновиќ се надева дека високиот напаѓач ќе помогне во подобар пласман на тимот кој моментално е на 16-тото место.

Во 2011 година Ливерпул го купи Керол од Њукасл за 35 милиони фунти, но напаѓачот не ги оправда вложените пари и веќе летото 2012 година премина во Вест Хем. Тој остана со „чеканите“ до 2019 година и потоа се врати во Њукасл.

ПретходноЏенова доби нов сопственик и нов претседател
СледноПотег за почит: Премијата од 1 милион евра Србите ќе ја дадат за лекување на болни деца