Кејн на еден гол од легендарниот Боби Чарлтон

261

Фантастичниот Хари Кејн со четирите гола на вечерашниот меч против Сан Марино дојде на чекор да го симне од второто место на вечната листа на најдобри стрелци во составот на „Гордиот Албион“, легендарниот Боби Чарлтон.

Голгетерот на Тотенхем со четирите гола постигнат вечерва дојде до бројката од 48 погодоци во дресот на репрезентацијата, што е само еден гол помалку од легендарниот Чарлтон. На врвот на вечната листа и натаму е вејн Руни кој има 53 гола во дресот на Англичаните.

Кејн со вечерашното остварување стигна до 12 постигнати гола во овие квалификации и го презема првото место на голгетерската листа пред Мемфис Депај од селекцијата на Холандија кој има 11.

ПретходноЕвропскиот првак Италија ќе игра бараж, Швајцарците одат директно на светско! (ВИДЕО)
СледноАнглиските клубови стануваат побогати, ПЛ со рекорден договор за ТВ правата