Вечерва ќе биде комплетиран квалификацискиот циклус за Мундијалот во Катар, а ќе се знае кој ќе оди директно, а кој во баражот во групата Ц. Таму ситуацијата е следна – Италија и Швајцарија имаат исто бодови, по 15 со тоа што европскиот шампион има подобра гол-разлика.
Нивните меѓусебни дуели завршија со реми, па вечерва паѓа одлука кој каде ќе оди, кој директно на СП кој во баражите.
Италија и гостува на Северна Ирска, додека Швајцарија игра со Бугарија во Луцерн. Гол разликата исто така е мерило. Италија има 13:2, додека Швајцарците 11:2.
Тоа значи дека може да се случи и двете репрезентации да победат, а Швајцарија да скокне на чело на табелата ако убедливо ја совлада Бугарија (на пример Италија да победи 1:0, а Швајцарија победи со 4:0).
Во случај и двете репрезентации да завршат со иста гол-разлика и исто постигнати голови, тогаш Швајцарија ќе оди на СП, а Италија во плеј-офот.
Интересно ќе биде вечерва во оваа група.
ВЕЧЕРВА ИГРААТ
АЛБАНИЈА – АНДОРА 20:45 ч.
АВСТРИЈА – МОЛДАВИЈА 20:45 ч.
ИЗРАЕЛ – ФАРСКИ ОСТРОВИ 20:45 ч.
ПОЛСКА – УНГАРИЈА 20:45 ч.
САН МАРИНО – АНГЛИЈА 20:45 ч.
СЕВЕРНА ИРСКА – ИТАЛИЈА 20:45 ч.
ШВАЈЦАРИЈА – БУГАРИЈА 20:45 ч.
ШКОТСКА – ДАНСКА 20:45 ч.