Македонија го живее сонот – пласман на Светското првенство 2022 година во Катар. Нашите фудбалери синоќа на домашен терен го совладаа Исланд со 3-1 и обезбедија место во баражот за Мундијалот.
По големиот триумф на адресата на „рисовите“ стигнаа бројни честитки, дел од нив се од политичарите, кои им се поклонија на нашите фудбалски хеори. На Арената „Тодор Проески“ беше лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Нашиот објектив го улови на северната трибина, мечот не го проследи од ВИП трибините, туку каде што беа останатите фанови. Тој беше во друштво со своите блиски пријатели и со својот син.
Честитки до репрезентацијата испрати претседателот Стево Пендаровски, кој исто така беше на стадионот во друштво со првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како и дел од министрите исто така им честитаа на фудбалерите. На арената беше и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.