Србија на големо го слави Катар 2022 и својот настап на Мундијалот. Митровиќ ја дигна на нозе својата земја, тој беше стрелец на вториот гол за победа против Португалија од 1-2.
Социјалните мрежи беа исполнети со најразлични пораки и видео записи. Еден доаѓа од најдобриот спортист на оваа земја, Новак Ѓоковиќ. Тој мечот го гледаше во Торино, по голот на Митровиќ не знаеше што да направи од среќа. Покрај што викаше на цел глас и беше во транс, го отвори прозорецот за да го слушнат сите.
I believe @DjokerNole is happy about Serbia 🇷🇸 winning their football match tonight 😂😂😂 ⚽️
From his IG! pic.twitter.com/Zk64qsn99l
— Julie 🇫🇷🇬🇧 (@NDjokofan) November 14, 2021
Веднаш по победата се огласи и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој на репрезентативците им вети премија од милион евра доколку заверат место на СП 2022.
„Отидовте и победивте. Горди сме нас вас!Ви благодарам за се. Да живее Србија“.