Џенова доби нов сопственик и нов претседател

350

Ерата на Енрико Прециози во Џенова заврши. Нов сопственик на Џенова е групацијата „777  Partners“, а Алберто Зангриљо е нов претседател. Зделката беше комплетирана денеска, а „777 Partners“ гордо соопшти дека е сопственик на најстариот италијански клуб.

Неодамна Џенова доби и нов тренер, на местото на Давиде Балардини дојде поранешниот легендарен напаѓач на Милан Андреј Шевченко. Тој ја напушти селекторската функција во Украина и дојде да ја тренира Џенова и македонскиот великан Горан Пандев.

Џенова бара и нов спортски директор, а за таа позиција е „пикиран“ Луис Кампос, човекот кој претходно работел во Реал Мадрид, Монако и Лил и кој ги „лансирал“ на големата сцена талентите Килијан Мбапе, Бернардо Силва и Антони Марсијал.

ПретходноРоналдо: Нема извинување, Португалија мора да игра на СП
СледноЕнди Керол потпиша за клуб од Чемпионшип