Алфа Ромео следната година ќе има прв Кинез пилот во Формула 1

110

Возачот во Формула 2, Гванју Жоу и официјално ќе биде нов возач на Алфа Ромео во Формула 1 следната 2022 година. Жоу потпиша договор со Алфа Ромео и ќе биде партнер на Валтери Ботас во новата сезона.

Тој доаѓа на местото на Антонио Џовинаци.

22-годишниот пЖоу станува првиот Кинез кој ќе вози во најелитното авто-мото натпреварување во светот. Тој ја минува својата трета сезона во Формула 2 и е втор во генералниот пласман за оваа сезона.

До крајот на сезоната 2018, Жоу беше пилот на Академијата на Ферари, по што се приклучи на програмата на Рено (од сезоната 2021 година – Алпин). Во 2020 година стана и тест возач на Рено.

ПретходноДарко Панчев: Ова е најголемиот фудбалски успех на Македонија (ВИДЕО)
СледноИвица Зубац начека провалници во неговата куќа