Играчот на Лос Анџелес Клиперс, и Хрватски интернационалец Ивица Зубац во петокот имал непријатна ситуација кога враќајќи се во неговиот дом, приметил дека има проалници во него. Криминалците решиле да го ограбат домот на Зубац, со поставување на скала, по што се качиле на вториот кат и преку вратата од балконот влегле во куќата. Не разсмизлувале дека Зубац ќе се врати порано од предвиденото, па кога кошаркарот ја видел скалата, приметил дека двајцата криминалци бегаат преку оградата. Повикал полиција, и му било кажано да остане во својот автомобил се додека не пристигнат полицајците, затоа што многу веројатно криминалците биле вооружени.
Провалниците сеуште не се пронајдени, а според полициските извештаи, од куќата на Зубац недостасува Ролекс часовник вреден 20.000 долари.