Познати се сите можни ривали на Македонија во баражот за СП 2022

1118

Завршија последните натпревари од квалификациите за СП 2022 и веќе се познати патниците на Мундијалот но и оние кои преку баражот ќе се обидат да дојдат до билетот на светскиот собир на најдобрите.

Меѓу нив е и Македонија која за првпат ќе игра бараж за пласман на Мундијал. Сепак нашата селекција која го освои второто место во групата Ј е ставена во групат на неносители заедно со Украина, Полска, Турција плус Австрија и Чешка кои доаѓаат од Лигата на нациите. Тоа значи дека овие три противници не може да ни се паднат во баражот.

Можни ривали ќе ни бидат Португалија и Шкотска кои имаат најдобар ефект од сите второпласирани, потоа Италија, Русија, Шведска и Велс.

Од политички причини Русија и Украина не можат да играат меѓу себе во плеј-фот.

Ждрепката ќе се одржи на 26 ноември, а дванаесет селекции ќе се поделат во три групи по четири, во кои ќе се играат две полуфиналиња и победниците одат во финале за СП 2022. Македонија како неносител ќе биде гостин во полуфиналето. Бараж натпреварите ќе се играат во март идната година.

ИНАКУ ПАТНИЦИ НА СП 2022 ОД ЕВРОПА ПРЕКУ КВАЛИФИКАЦИИТЕ СЕ

Германија, Данска, Франција, Белгија, Хрватска, Шпанија, Србија, Англија, Швајцарија, Холандија.

OД ЈУЖНА АМЕРИКА сигурен учесник е Бразил.

ПретходноХоландија директно на СП, Турција, Велс и Украина во баражот
СледноПресврт во случајот со претепаната фудбалерка на ПСЖ: Екс-играч на Барса во фокусот