Српски кошаркар доживеал мозочен удар на тренинг

763

Шокантни вести доаѓаат од Грција. Кошаркар на АЕК и привремен репрезентативец на Србија, Стеван Јеловац е примен во болница, откако во неделата му се слошило на тренинг.

32-годишниот играч се урнал за време на индивидуален тренинг, а грчките и српските медиуми пренесуваат дека добил мозочен удар. Тој е опериран, засега е во стабилна состојба, но и натаму е во интезивна нега.

„КК АЕК во целосна одговорност ја информира јавноста за здравствената состојба на Стеван Јеловац. Тој претрпе мозочен удар. Неговата состојба е стабилна, но и натаму е критично“, објави АЕК.

 

ПретходноШпанија без ѕвездите од Барса и Реал во Скопје
СледноКосово ќе ја тужи Србија за прославата во Лисабон