Тимур и Гоце најавуваат: Вардар не оди со бело знаме во Сегедин

254

Свесни за тежината на гостувањето во Сегедин, ракометарите на Вардар, сепак, гледаат со оптимизам на дуелот в четврток од 7. коло во Лигата на шампионите. Искусното крило и еден од најдобрите ракометари на Вардар и оваа сезона, Тимур Дибиров, пред заминување вели:

„Мислам дека ќе биде еден тежок натпревар, но ние сакаме да дојдеме до победа. Ни недостасуваат бодови и навистина очекувам еден машки натпревар. Сигурно ќе биде тешко, но нема да се предадеме и одиме таму да победиме“, вели искусниот Тимур.

Репрезентативното крило, Георгиевски, вели дека Вардар не оди со бело знаме на ова гостување.

„Тежок и добро познат противник за нас. И минатата сезона одигравме два меча со нив, прилично тесни, но не победија. И оваа сезона ќе биде исто така тешко. Ние се подготвуваме, гледаме видео-анализи, имаа одличен меч со Веспрем, а покажаа дека играат одлична одбрана. Одиме таму да се надигруваме, без бело знаме, знаеме каков противник е, па мислам дека имаме шанси“, вели крилото Гоце Георгиевски.

ПретходноТрета среќа за Е. Пелистер во ЕХФ Европската лига
СледноКуманово го врати Мирковски на кормилото на тимот