Шпанскиот фудбалер Саул Нигуес во последниот ден од преодниот рок го напушти Атлетико и замина во Челси како позајмен фудбалер. „Сините“ од Лондон платиле околу 4 милиони евра за позајмица до крајот на сезоната, со опција да го откупат за 35 милиони евра.
Но Саул не се изнаигра оваа сезона. Тренерот Томас Тухел не го става во игра, а на дебито со Астон Вила кога Шпанецот одигра 45 минути германскиот стратег посочи дека тој нема квалитет да ги брани боите на Челси.
А според шпанските медиуми, Тухел воопшто не го сакал Саул во својот тим, меѓутоа Челси, сепак, го ангажирал играчот од средниот ред за да му направи услуга на агентот Џонатан Барнет!?
Моментално Саул е шести избор во средниот ред зад Жоржињо, Канте, Ковачиќ, Лофтус-Чик, па и Рос Баркли. Се поизвесно е враќањето на Саул во Шпанија и пак во Атлетико.