Франција на рутина на Арената (ФОТО+ВИДЕО)

488

Репрезентацијата на Македонија до 21. година не успеа да направи подвиг против фаворитот во нашата група, репрезентацијата на  Франција и вечерва загуби во рамките од тековните квалификации и загуби со 0:1. Иако резултатот реално не го покажува тоа сепак, Французите доминираа во текот на сите деведесет минути на овој  дуел, и не дозволија во ниту еден момент нашите млади фудбалери да наметнат, ниту игра, ниту темпо.

Франција напаѓа, ние добро се браниме

Она што го очекувавме од овој меч, особено на стартот, секако дека се обвистини.Франција силно не пристисна на нашата поливина, ние цврсто се браниме. Неколку обиди од полудистанца на Черки и на Камавинга минаа покрај голот, но и во десниот дирек на Денковски.

Иницијативата на гостите продолжи во текот на целото прво полувреме но, реално ние добро се одбранивме.

Во 42. Минута еден одлично изведен аут за нас го исфрли Марио Илиевски во фор, нашиот најистурен напаѓач излезе сам пред Меслие, ја стигна топката шутираше но голманот на Лидс, одлично затвори па ударот заврши во неговите нозе.

Денковски сигурен и не држи на „нула“

Идентично како и во првото полувреме, Франција со опсада кон нашиот гол и на стартот на второто полувреме. Овојпат со нешто поконкретни шанси кои можеа да им донесат водство, но доколку на нашиот гол не беше Давид Денковски. Чуварот на мрежата во три наврати сигурен при ударите на Адли, Черки, а особено на Мунинга кој со глава од непосредна близина шутираше но Денковски добро одбрани.

Калулу го „разби“ нашиот бедем

Сепак, колку и да сакавме ние во тие моменти да се одбраниме, сепак, не издржавме. Грешка во нашата потесна одбрана ја остави топката за Пиер Калулу кој погоди од непосредна близина и го отвори резултатот.

До крајот на мечот Франција не дозволи во ниту еден момент да се заканиме, иако направивме некакви поофанзивни замени и го приведе овој меч рутински до крај.

 

Македонија – Франција 0:1 (0:0)

Арена Тодор Проески

Гледачи: 1000

Главен судија: Арда Карседер(турција)

Стрелци: Калулу 75 (Ф)

Ж.картони: Младеновски, Манев (М) Камавинга, Труфер (Ф)

Македонија: Денковски, Хајради, Младеновски, Манев, Антовски (Скендери 83), Али (Станковски 83), Фазлагиќ, Воша(Рамадани 70), Илиевски (Ѓоргиевски 70), Шеји, Гроздановски (Максимов 90)

Франција: Меслие, Салиба, Труфер, Бадиашил, Какуере, Муинга, Камавинга (Котар 90), Диоп (Лефе 68), Черки (Минполе 68), Калулу (Густо 79), Адли (Турам 79)

ТАБЕЛА (по 6.кола)

  1. Франција 16 бода
  2. Украина 13
  3. Македонија  6
  4. Ф.Острови 6
  5. Србија 5
  6. Ерменија 3

 

ПретходноЕ.Пелистер ја освои Атина за прва радост во Европската лига
СледноКанатларовски: Едно е да се надеваме, друга е реалната состојба