Холандија директно патува на Мундијалот во Катар откако вечерва ja совлада Норвешка со 2:0 на „Де Кујп“ во Ротердам. „Лалињата“ беа во пол позиција уште пред мечот, само не требаше да загубат, а победија за првото место во групата Г. Холандија заврши со 23 бода два повеќе од второпласираната Турција која славеше во Црна Гора со 2:1. Головите за победа на Холандија ги постигна Бергвајн во 83 минута и Депај во 90+1 минута.
Норвешка заврши трета и нема да учествува ни на СП ни во баражот.
Во Подгорица, Бечирај ја доведе Црна Гора во водство, но Актуркоглу изедначи во 22. минута. Во 60. минута играчот за врска на Феенорд Оркун Кокчу донесе победа за Турција и второ место во групата.
Во групата Е, репрезентацијата на Белгија го освои првото место и оди на Мундијалот, а второто место го освои Велс благодарение на ремито со Белгија 1:1 во Кардиф.
На „Змејовите“ опасно им се закануваше Чешка која ја победи Естонија со 2:0. На крајот Велшаните одат во баражот.
Во групата Д Франција е прва, а второто место го освои Украина благодарение на победата над БиХ и поразот на Финска од Французите.
РЕЗУЛТАТИ
БИХ – УКРАИНА 0:2
ФИНСКА – ФРАНЦИЈА 0:2
ГИБРАЛТАР – ЛЕТОНИЈА 1:4
ЦРНА ГОРА – ТУРЦИЈА 1:2
ЧЕШКА – ЕСТОНИЈА 2:0
ФИНСКА – ФРАНЦИЈА 0:2
ХОЛАНДИЈА – НОРВЕШКА 2:0
ВЕЛС – БЕЛГИЈА 1:1
NETHERLANDS HAVE OFFICIALY QUALIFIED FOR THE WORLD CUP THANKS TO A LATE WINNER BY BERGWIJN pic.twitter.com/Y8lanmClsl
— – (@media123x) November 16, 2021