Бугарскиот Левски има опција да го донесе крилниот фудбалер на Шкупи Матеј Цветаноски, пренесува „Footbll24.bg“. Наводно тој им бил понуден на „сините“, но не се знае дали тренерот Станимир Стоилов ќе даде зелено светло за овој трансфер.
Договорот на Цветаноски со лидерот во ПМФЛ е до крајот на календарската година, а моментално има 3 гола во 9 меча.