Репрезентацијата до 21. година денеска од 18:30 минути на Арената Тодор Проески во Скопје ќе го одигра квалификацискиот меч против лидерот во нашата група, големиот фаворит Франција.
По нерешениот резултат од пред неколку дена против Украина 1:1, исто така на домашен терен, избраниците на селекторот Драган Канатларовски денеска ќе се обидат да одиграат уште еден меч против силен противник на позитива, да освојат уште некој бод и да останат во игра за лидерските места во групата.
„Секако дека Франција е фаворит, и тоа оваа селекција го покажува од меч во меч во овие квалификации. Наше е да одиграме на највисоко можно ниво и да се обидеме да наметнеме наше темпо. Да ги исполниме задачите на селекторот, да бидеме сконцентрирани во текот на целиот меч, и да не дозволиме да погрешиме. Секоја таква ситуација Франција ќе ја казни со сигурност. Од друга страна мора да искористиме се што ќе ни се пружи како шанса пред противничкиот гол. Знаеме дека нема да биде лесно но ако одиграме тимски, како една целина и ако имам малку среќа верувам дека можеме да дојдеме до позитивен резултат“ – изјави за Спортмедиа капитенот на нашата млада репрезентација Енис Фазлагиќ.
Младата репрезентација има можност во овој момент со поволен резултат да ја следи онаа сениорската и да остане во игра за највисок пласман. Во моменто сме трети заостануваме зад лидерите Франција и Укрина но ова е за нас шести натпревар во овие квалфикации и има уште за играње што се вели.
Двојки:
Украина – Србија 17:00
Македонија – Франција 18:30
Табела:
- Франција 5 4 1 19:1 13
- Украина 5 3 1 1 5:7 10
- Македонија 5 1 3 1 4:6 6
- Фарски О. 6 1 3 2 4:5 6
- Србија 5 1 2 2 4:5 5
- Ерменија 6 1 0 5 5:5 3