Вујо пред гостувањето кај ПИК Сегед: Мора да ја прекинеме серијата порази!

118

Ракометарите на Вардар заминуваат со оптимизам на гостувањето во Унгарија во мечот од 7. коло во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ ги очекува тешко гостување кај ПИК Сегед, тим кој по првите шест меча во групата има скор од три победи, две ремија и само еден пораз.

Пред заминување за Сегедин, првиот човек на клупата на „вардарци“ вели:

„Сите сме здрави што е многу важно. Играме против ПИК Сегед која е една од најдобрите екипи во Европа. И некако се чувствуваме како да играме некој бараж. Играме во Сегедин, па по 7 дена, повторно во Скопје. Вардар е подготвен и мора да покаже сила. Јас реков дека мора да ја прекинеме оваа серија порази. Нашата најголема шанса е во Сегедин. Мора да излеземе храбро, ние по традиција играме најдобро на нивен терен и се надевам дека и овој пат ќе биде така“, вели предводникот на „црвено-црните“, Веселин Вујовиќ.

ПретходноБотев Враца ќе бара 100.000 евра за трансфер на Бабунски
СледноТрета среќа за Е. Пелистер во ЕХФ Европската лига