Дарко Панчев: Ова е најголемиот фудбалски успех на Македонија (ВИДЕО)

1463

Во екот односно еуфоријата на пласманот на Македонија во баражот за Мундијалот во Катар 2022 година, нема авторитет во нашиот фудбал кој не би сакал да го даде своето мислење.

Прв на чело секако е Дарко Панчев кој за Српски Курир, изјави дека ова е најголемиот фудбалски успех на Македонија во историјата кога се квалификациите во прашање. Запрашан да ја искоментира целата ситуавија на Балканот во која во една вечер Хрватска, односно Србија обезбедија директен пласман, а Македонија бараж за пласман на мундијалот, Панчев рече дека ова е ноќ за паметење на овие наши екс југословенски простори и дека сите треба колективно да се радуваме на овој успех.

Панчев во интервјуто не изостави да го пофали и неговиот некогашен соиграч од Црвена Звезда, Дрган Стојковиќ Пикси кој во моментов е селектор на Србија, велејќи дека токму Пикси ја донел таа неопходна енергија во таборот на нашиот северен сосед и дека Србија може многу да направи со него.

 

 

ПретходноАјде момци израдувајте ја Македонија
СледноАлфа Ромео следната година ќе има прв Кинез пилот во Формула 1