Куманово го врати Мирковски на кормилото на тимот

615

КК Куманово има ново тренерско решение. Практично, станува збор за повратникот Владимир Мирковски, кој е млад стручњак кој веќе еднаш беше предводник на кумановскиот состав.

По серијата лоши резултати, раководството на клубот ја заврши соработката со досегашниот предводник на тимот, Игор Георгиевски. Мирковски го водеше Куманово до јануари оваа година во период од 6 месеци. Пред него е исклучително тешка задача да го врати тимот на победнички патеки по серијата порази кои клубот ги имаше сезонава.

ПретходноТимур и Гоце најавуваат: Вардар не оди со бело знаме во Сегедин
СледноФФМ во лов на „таленти“ – прв на листата „супер талентот“ Теодор Кралевски!