Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини, беше разочаран од ремито со С. Ирска и тоа што европскиот шампион не успеа да обезбеди директно место на Мундијалот во Катар. Италијанците завршија на второто место во групата, зад Швајцарија, и сега ќе играат во плеј-офот.
„Ништо не може да се направи сега. Во март ќе одиграме натпревари во кој ќе треба да го дадеме максимумот. Сега имаме проблеми со головите и покрај тоа што ја имаме топката и иницијативата. Северна Ирска се бранеше со полна сила, а ние не можеме да најдеме решение за таквата одбрана. Штета, одамна требаше да ја освоиме групата. Сега треба да се подготвиме за мартовските баражи и да играме со доверба. Напролет ќе се пласираме на Светското првенство и се надеваме дека потоа ќе успееме да станеме светски шампиони“, изјавил Манчини.