МЗТ Скопје ја оправда улогата на фаворит на дуелот против Ангели, славеше со убедливи 77-117 во последниот меч од седмото коло. За актуелниот македонски првак ова беше петта победа во низа, вкупно шеста. Дебитантот во прволигашкото друштво и натаму ја чека првата радост, има седум порази во низа.
Кошаркарите на МЗТ Скопје брзо го решија овој дуел, по 17-21 во 10. минута, на одморот поведоа со 38-52. Гостите ја продолжија доминацијата и во следниот период, имаа највисоки 59-86, до крајо лесно го приведоа дуелот во своја корис.
Со оваа победа, МЗТ Скопје се враќа на второто место на табелата зад лидерот Пелистер, кој и натаму е без пораз. Ангели останува на последното место, својата шанса за победа ќе ја бара во следните мечеви.
Мекиќ со 19 поени и Дамјан со 17 поени беа лидери кај МЗТ Скопје, кај домаќинот Мандерсон имаше дабл-дабл од 25 поени и 10 скока.