Македонската кошаркарска репрезентација за првпат во својата историја ќе игра во едни квалификации за место на Светско првенство. Прв на патот кон овој предизвик е силниот состав на Шпанија, кој на 26. овој месец гостува во Скопје во рамките на првиот квалификациски меч.
Селекторот Драган Бајиќ собирот го закажа за 20. ноември, но поради осмото коло во Првата лига, истиот е презакажан за ден подоцна, поточно во недела.
За првиот „прозорец“ од овие квалификации, Бајиќ повика 18 кошаркари. На списокот се најде Ненад Димитријевиќ, но тој нема да настапи поради повреда. Во составот ќе го немаме ниту Војдан Стојановски, кој и натаму се рехабилитира од операцијата на коленото.
Во номеврските битки, Македонија ќе се сретне со Украина, дуелот се игра на гостински терен во Киев, на 29. ноември.