Панчев и Бабунски им посакаа среќа на Цапар и надежите

537

Македонската фудбалска репрезентација до 21. година денеска го игра квалификацискиот дуел против репрезентацијата на Франција на Арената Тодор Проески во 18:30 часот. На нашите млади фудбалери им е потребна сета поддршка во моментов од сите нас, а најголемата пристигна попладнево кога во базата на нашиот национален тим пристигнаа Македонските фудбалски легенди Дарко Панчев и Бобан Бабунски.

Им посакаа среќа и успех на нашите надежи, секако и на селекторот Драган Канатларовски кој има неколку десениска фудбалска конекција за Панчев и со Бабунски.

„Знаеме колку можете и знаеме дека го имате сиот потенцијал и квалитет на овој свет. Одиграјте силно, јако и израдувајте ја Македонија“ – им порачаа легендите на Мак фудбалот на репрезентативците до 21. година.

 

ПретходноИвица Зубац начека провалници во неговата куќа
СледноМакедонија почнува со Илиевски во нападот (состав)