Пресврт во случајот со претепаната фудбалерка на ПСЖ: Екс-играч на Барса во фокусот

333

Пред неколку денови соопштивме вест од Париз, поточно од тамошниот женски фудбалски клуб ПСЖ. Амината Диало беше приведена поради обвинение дека најмила насилници да ја претепаат колешката Кеира Хамруи која и ги „краде“ минутите на теренот.

Но, според француските медиуми тоа не е точната верзија. Хамруи добила ќотек, но ги нарачала сопругата на поранешниот фудбалер на Барселона Ерик Абидал.Сопругата на некогашниот француски фудбалер дознала за аферата на фудбалерката и нејзиниот сопруг уште кога биле во Барселона. Абидал по играчката кариера станал директор во клубот, а Кеира играла за женскиот сениорски тим на Барса.

Иако Диало беше обвинета на почетокот, истрагата отиде во друга насока. Тоа го открила еден телефонски повик. Хамруи по нападот во кој се здобила со повреди на нозете му се јавила на Абидал. Се верува дека тој разговор може да открие дополнителни докази токму поради тоа што таа му била љубовница претходните години.

Следува сослушување на Абидал и на неговата сопруга Хајет.

ПретходноПознати се сите можни ривали на Македонија во баражот за СП 2022
СледноПо досадното реми во Сан Хуан: Меси и по петти пат на СП!