ФФМ во лов на „таленти“ – прв на листата „супер талентот“ Теодор Кралевски!

6238

 

Паралелно со успесите на сениорсдкиот национален тим во „куќата на фудбалот“ работат и тоа со полна пареа и со најмалите селекции. Репрезентациите до 17 години а посебно онаа до 19 години не бележат резултати како од пред неколку години.

Затоа во фокусот се ставени сите ресурси со кои и помладите репрезентации би биле конкурентни барем за елитна фаза за пласман на едно ЕП. Од таа причини и канцеларијата на ФФМ прави напори да им даде шанса и на оние наши деца од дијаспората. Да не ни се случи нов случај Колушевски, Јанкулов… За таа цел направена е листа по која ќе се атакува на нивната доверба. Прв на таа листа е стоперот на Хајдук, Теодор Кралевски. Тој е роден 2007 година, игра за пионерите на тимот од Сплит а покрај нашиот го има и хрватскиот пасош.

Станува збор за син на нашиот поранешен фудбалер Игор Кралевски од неговиот прв брак. Теодор Кралевски пред некој ден постигна гол за својата генерација на дерби дуелот со Динамо во Загреб. Поканата од Македонија е во вистинско време, во време кога и Хрватска е заинтересирана за неговите услуги. Од она што дознаваме на листата од десетина наши фудбалери од дијаспората во радарот е и Еријон Алији од Рид (Австрија), за кого се вели дека е новиот Аријан Адеми.

ПретходноКуманово го врати Мирковски на кормилото на тимот
СледноАјде момци израдувајте ја Македонија