Кирил Лазаров и Нант продолжија победнички. Францускиот тим овој пат одигра одличен натпревар во Европската лига, пред своите трибини го совлада ГОГ со 27-24 (11-8) во меч од третото коло. За Нант ова беше втора победа, се изедначи со ГОГ и Лемго, заедно ја делат втората позиција на табелата.
Тимот за кого настапува македонскиот селектор, по релативно изедначено прво полувреме во кое имаше позитива од 11-8, доминираше во вториот дел. Поведе со шест гола разлика (20-14), држеше високо темпо на игра, кое гостите не можеа да го пратат.
Лазаров средбата ја заврши со четири гола од девет обиди, три од нив ги постигна во второто полувреме.