Најголемиот талент го напушта ПСЖ, великаните застанаа во редот!

630

Најголемиот талент на ПСЖ, Чави Симонс, најверојатно на крајот на оваа сезона ќе го напушти клубот. Француските медиуми веќе се денови шпекулираа за вакво сценарио, а Фабрицио Романо потврди дека оваа опција е возможна.

Симонс е незадоволен од минутите, како и неможноста да се пробие во првиот тим, кој и онака има многу ѕвезди. Иако раководството на ПСЖ веќе му понудиле нов договор со многу подобри услови, сепак не размислува за продолжување на истиот.

Тој за првиот тим на ПСЖ запиша два настапа и одигра 13. минути. Дојде од Барселона во 2019 година, па сега токму каталонскиот гигант сега е еден од најсериозните кандидати за да го врати назад. Покрај Барселона, јасно е дека тој ќе се најде и на листата на желби на останатите европски гиганти.

ПретходноМедведев преку Зверев до полуфинале во Торино
СледноПадна одлука за прекинатиот меч меѓу Бразил и Аргентина