Познати четири од шесте можни противници на Македонија во баражите за СП 2022

2217

Четири од шетсте можни ривали на македонската фудбалска репрезентација за бараж-натпреварите кои обезбедуваат пласман на СП 2022 во Катар во март следната година се веќе познати. По синоќешните пресметки, стана јасно дека фудбалските репрезентации на Португалија, Шкотска, Италија и Русија се сигурни носители на ждрепката која ќе се одржи на 26 ноември и на која Македонија сигурно ќе биде во групата на неносители.

Тоа значи дека денеска ќе ги добиеме и последните два можни ривали во бараж-пресметките, откако ќе се одиграат и последните седум меча кои се во распоредот на евро-квалификациите. Математиките велат дека најблизу да бидат во групата на шест носители се Швеѓаните, но тие како и Полска ќе мора да почекаат на денешните настапи на Велс и Турција кои со евентуални победи можат да се пробијат меѓу носителите. Турците се уште имаат шанси да нападнат и на директен пласман на СП, па во игра за бараж се и Норвешка и Холандија.

Сепак, останува да почекаме да завршат денешните дуели за да видиме кој покрај Португалија, Шкотска, Италија и Русија ќе се најдат во садот од каде ќе се одредува противникот на Македонија во полуфиналето на бараж-пресметките во март идната година.

ПретходноРакометарките ќе имаат две контроли со Србија
СледноНема крај: Уште еден играч на Ливерпул се повреди за време на репрезентативните настапи