Ракометарките ќе имаат две контроли со Србија

340

Женската ракометна репрезентација на Македонија на 27 и 29 ноември во Стара Пазова ќе одигра два контролни меча против соодветната селекција на Србија. Мечевите ќе бидат дел од подготовките кои почнуваат следната недела и се однесуваат како еден дел од подготовките за евентуално учество на Мундијалот во Шпанија, со оглед на тоа што официјално сме прва резерва.

Србија е веќе дел од СП и ќе биде во иста група со Русија, Камерун и Полска. Македонија како прва резерва е во очекување на ослободување на место, доколку некоја селекција се откаже од настап на првенството кое почнува на 1 декември.

ПретходноПоследна рунда до СП 2022: Последниот патник за Катар се решава во Ротердам
СледноПознати четири од шесте можни противници на Македонија во баражите за СП 2022