Руни и Дерби Каунти отидоа на минус три бода

174

Така тоа се прави во современиот фудбалски свет. Кога не работиш на финансиски план како што треба, клубот ќе се соочи со санкции од најразличен тип.

Пример за ова е тимот на Дерби Каунти на кој се уште е на чело Вејн Руни како менаџер, и кој во моментов е последнопласиран тим во Чемпионшип дивизијата во Англија со минус три бода.

Зошто? Затоа што сезонава веќе му се одземени 21. бод од контото, последно девет поени поради финансиско лошо работење. Првенствено бодови на клубот му беа одземени поради одење во стечај.

Дерби Каунти се соочува со огромни финансиски проблеми кои во моментов тешко може да се решат, па и покрај тоа што клубот одигра неколку добри мечеви, освои колку толку бодови за моментален опстанок, тоа малку е важно затоа што сите тие бодови се одземени по административен план.

 

ПретходноМенди очигледно е тежок монструм, обвинет е за уште две силувања
СледноМиркуловски се повреди, го избегна најлошото!