Дарко Велковски: Далеку сме од Катар, но веруваме во себе

574

 

Македонскиот репрезентативец и интернационалец во редовите на Ријека, Дарко Велковски е главна тема во неговиот клуб, секако со остварувањето на историскиот пласман на нашата репрезентација во миндијалскиот бараж за Катар 2022 година.

Велковски за клупскиот сајт на НК Ријека го опишува чувството да се биде дел од мундијалскиот бараж, за успехот на Македонија, и за неговото мислење што и како онатаму сега.

„Остваривме голем успех со ова второ место во групата и баражот. Клучен беше мечот очигледно Романија – Исланд  во кој Романците киксираа на свој терен. Нашиот триумф во Ерменија мораше да биде потврден во Скопје против Исланд. Не беше ни малку лесно, имавме притисок. Публиката беше во голем број. Верувавме во себе но не беше лесно. Поведовме, но Исланд израмни, а одозгора имаше и неколку шанси. Сепак, на крајот постигнавме голови за победа и ова е голем успех за нас. Го поминавме полесниот дел од квалификациите, одиме во баражот каде што реално сме аутсајдери. Сепак веруваме во себе и ќе дадеме се од себе повторно да сме успешни“ – изјави Дарко Велковски за сајтот на Ријека. 

ПретходноКанту му посака добредојде на Рубин Стефанов
СледноМодриќ не „мрда“ од Мадрид, потпишува нов договор за помалку пари