Зекирија Рамадани и Приштина ја завршија соработката

316

Косовска Приштина денеска и официјално објави дека ја прекинува соработката со нашиот фудбалски стручњак,  Зекирија Рамадани. Според информацијата објавена и на социјалните мрежи, косовскиот гигант ја заврши соработката со Рамадани по нешто повеќе од една година негов престој на кормилото на тимот. Рамадани дојде во Приштина минатиот септември.

„Тој заедно со својот персонал успеа да ја врати титулата во Приштина по осум години, па клубот искрено му се заблагодарува за работата што ја направи и му посакува голем успех во кариерата“.

Рамадан е еден од најуспешните тренери кој работел во Косово, откако ја освои шампионската титула со три различни тимови, Приштина, Трепча ’89 и Фероникели.

ПретходноЈувентус пикирал напаѓач на Ривер Плејт
СледноМонпелје е незадржлив, Веспрем загуби и втормеч во низа