Ракометарите на Вардар утре во Сегедин ќе го одиграат мечот од 7. коло во ЕХФ Лигата на шампиони. „Црвено-црните“ се гости на незгодниот Пик Сегед, меч на кој арбитражата ќе биде во раце на исландска судиска двојка.
Јонас Елиасон и Антон Палсон ќе ја делат правдата на утрешниот натпревар во Унгарија меѓу Пик Сегед и нашиот Вардар. Вардар на овој меч како и што најавија пред заминување, ќе се обидат да ја прекинат серијата порази и да се вратат во трка за местата кои водат во втората фаза од натпреварувањето.