Голем успех, супер успех на нашиот каратист Емил Павлов. Имено Македонецот избори пласман во финалето на СП во Дубаи во категоријата до 67 килограми. Павлов во полуфиналето беше подобар од Мартиал Тадиси од Унгарија. Додека во финалето негов ривал ќе му биде Стивен Дакоста од Франција. За да стигне до финалето на Павлов му беа потребни четири победи на Мундијалот во Дубаи.
Сега Емил Павлов има сребро во рацете, но посакува, како и цела спортска Македонија, тој да се закити со злато.