Лука Мордиќ на негови 36. години е подготвен да потпише нов договор со тимот на Реал Мадрид, и истиот да биде со траење до 2023 година.
Хрватот ќе се согласи на помала плата што е и нормално со оглед на неговите години, но тој и натаму нема намера да го напушти Сантијаго Бернабе и да замине некаде каде што еврата или доларите би имале главна улога, напротив. Освојувачот на „Златната топка“ во 2018 година е подготвен и натаму да игра на највисоко ниво, па дури и тоа да му носи помал приход.
Модриќ е дел од Реал Мадрид од 2012 година кога пристигна од Тотенхем, а досега одигра преку 400 мечеви за „Кралевите“.